Мурињо сака да си оди од Турција, а сепак прави планови за засилувања

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо неколку пати изјави дека не му се допаѓа фудбалската атмосфера во Турција и дека би сакал да си замине оттаму, но сепак прави планови за засилувања.

Турските медиумим тврдат дека негова цел е Кристијан Ериксен од Манчестер Јунајтед кој е еден од најдобрите играчи во својот тим и покрај тоа што пред три години животот му висеше на конец, за време на Европското првенство. Двајцата соработуваа во Тотнем, а Мурињо сака во јануари да го донесе Ериксен во тимот на Фенербахче. Ериксен има време дотогаш да види како ќе се одвива ситуацијата со Рубен Аморим и дали ќе игра кај него, па ќе ја донесе одлуката.

Интересно е тоа што Мурињо има понуди од Англија за продолжување на кариерата. Заинтересирани за него се Евертон и Њукасл, но неизвесно е дали до крајот на оваа сезона ќе ја промени средината.