Еден од најбараните напаѓачи јавно се понуди на Барселона

Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид ќе биде еден од најбараните фудбалери во летото 2025 година.

Дејвид влегува во последната година од договорот и нема да потпише продолжување на соработката што значи дека на лето ќе биде слободен во изборот на новата средина.

Канаѓанецот се наоѓа на мета на бројни клубови, а последните со кои се поврзуваше се Баерн Минхен и Јувентус. Сепак, според неговата последна изјава тој сака да го носи дресот на Барселона.

„Барселона беше мој омилен тим додека растев, кога за еден клуб навивате од детството, тогаш и вашиот најголем сон е да заиграте за тој клуб“, изјави Дејвид.

Дејвид има 24 години и сезонава ја продолжи својата голгетерска серија во дресот на Лил постигнувајќи 13 голови на 19 натпревари, додаде и две асистенции.

Откако пристигна во Лил од Генте во 2020 година беше стрелец на 97 погодоци. Ќе потсетиме, Барселона сака да доведе нов напаѓач бидејќи Роберт Левандовски наредната година ќе наполни 37, но прва мета е Виктор Ѓекере и Дејвид би можел да биде „план Б“.