Драма во Кавадарци: Работнички го скрши Тиквеш за петти триумф во лигата

Работнички и Тиквеш одиграа возбудлив натпревар во Кавадарци во седмото коло од кошаркарската Прва лига, но на крајот се радуваше скопскиот тим со 85-81.

Првата четвртина веднаш донесе возбудувања, а Работнички водеше со 21-18 по првите 10 минути, додека до полувреме ја зголеми разликата на 43-37.

Тиквеш го засили темпото на стартот на третата четвртина и израмни на 56-56, но Работнички го возврати ударот и се оддалечи на 66-61.

Во последните 10 минути следеше драма на паркетот, а Тиквеш конечно стигна до пресврт (79-77), меѓутоа Работнички сe созема во последните минути и славеше со 85-81.

Полутак беше најефикасен кај Работнички со 20 поени, додека Пантелиќ постигна 23 поени за Тиквеш.