Шкупи остана без главниот спонзор: Олгун Ајдин си замина од Чаир!
Ајдин пристигна во екипата од Чаир во 2018 година, при што создаде моќна екипа која обезбеди излез во европските купови, а притоа освои и шампионска титула.
„Претседателот Олгун Ајдин најави заминување од Шкупи. Истиот предупреди на такво нешто по мечот со Вардар. Со Ајдин како претседател, Шкупи играше пет последователни сезони во Европа, а ја освои и титулата во 2022 година. Ова се јасни бројки кои говорат за успесите на нашиот тим под негово водство“, соопшти Шкупи.
Чаирчани во моментов се на шестата позиција во Првата лига со 16 освоени бодови, односно на само пет бода од зоната за испаѓање од елитата.