Рамос „флертува“ со Реал Мадрид, но Перез има други планови

Шпанскиот гигант Реал Мадрид има сериозни проблеми во одбраната поради тоа што голем број фудбалери се повредени, па се споменуваат различни решенија за главоболките на тренерот Карло Анчелоти.

Едно од решенијата е шпанскиот дефанзивец и легенда на „кралевите“, Серхио Рамос кој е слободен агент откако му заврши договорот со Севилја.

Рамос сака да се врати на „Сантијаго Бернабеу“, меѓутоа засега Флорентино Перез не сака да почне преговори со поранешниот фудбалер.

Медиумите пишуваат дека Перез има други планови, односно сака да го добие потписот на Ејмерик Лапорт од Ал Наср.