Голем гест на Баерн: Го продолжи договорот со голманка на која и беше откриен тумор

На германската фудбалска репрезентативнка и голманка на Баерн Мала Грохс (23) октирен и е тумор поради кој ќе мора да се повлече на одреден период од фудбалот.

Во наредниот период таа целосно ќе се посвети на лекувањето, а клубот од Минхен покажа солидарност така што и во таква ситуација и го продолжи договорот до 2026 година.

„Болеста е предизвик со кој мислев дека никогаш нема да се соочам, но сигурна сум дека со помош на советите кои ги добивам ќе го надминам овој период. Во рацете на најдобрите доктори сум и апсолутно можам да сметам на поддршката од екипата и тимот“, изјави Грохс.