Барди: Посакуваме публиката да дојде во поголем број отколку против Летонија

Фудбалерите на Македонија утре ги очекува натпреварот против Фарски Острови кој е последен во лигата на Нации и во кој посакуваме победа за крај на групната фаза.

Енис Барди пред овој дуел порача дека мотивацијата е на највисока ниво и пред овој дуел, посебно затоа што се игра на домашен терен.

„Не ни недостасува мотивацијата и ќе дадеме се од себе од првата минута. Мислам дека ќе оствариме рекорд ако победиме во овој натпревар, а ќе биде убаво и да завршиме со победа на наш терен пред нашите навивачи, поголема мотивација од тоа нема. Треба да бидеме паметни и трпеливи, знаеме против кого играме и дека ќе се бранат“, изјави Барди.

Македонија на гости во првиот натпревар од овој циклус не успеа да слави, но како што вели Барди сега ситуацијата е поинаква. 

Натпреварот таму ни беше знак дека секој противник е важен и не смеете да го потцените. Се тука по победите и психички сме на подобро ниво, па не интересираат само трите бода.

Испрати Барди и порака до навивачите да дојдат во што поголем број.

Посакуваме навивачите да бидат во поголем број од натпреварот со Летонија, тие секогаш ни се од голема помош“, изјави Барди.

Македонија и Фарски Острови утрешниот натпревар го играат од 15:00 часот.