Португалија за едно полувреме ѝ пукна „петарда“ на Полска, Србија ја испрати Швајарија во Б-лига (ВИДЕО)

Иако одигра лошо прво полувреме, репрезентацијата на Португалија оствари уште една убедлива победа во Лигата на нации.

На домашен терен, европскиот шампион од 2016 година ја совлада Полска со 5-1, а сите пет гола ги постигна во вторите 45 минути. Полска одолеваше точно еден час, а потоа доживеа тотален дебакл. Прв мрежата ја затресе Леао, потоа Роналдо погоди од пенал. па Фернандес и Нето за на крајот Роналдо со атрактивни „ножички“ да ја запечати победата на Португалија. Полска во 88. минута преку Марчук само постигна почесен гол.

Со ова Португалците го бетонираа првото место во групата и дуелот против Хрватска во последното коло ќе биде само формалност. Полска против Шкотска ќе се бори за опстанок во елитната конкуренција од Лигата на нации.

А, таму во следното издание нема да биде Швајцарија која вечерва мораше да ја победи Србија, но одигра само 1-1 и ги загуби сите шанси за опстанок. Митровиќ во 55. минута промаши пенал за што казната стигна во 78. минута преку Амдуни. Опстанок на Србите им донесе Терзиќ на две минути пред крајот на основните.

РЕЗУЛТАТИ
Данска - Шпанија 1-2
Португалија - Полска 5-1
Шкотска - Хрватска 1-0
Швајцарија - Србија 1-1