Косовските фудбалери шутираа со топки кон публиката во Букурешт и заминаа во соблекувална! (ВИДЕО)

Натпреварот од Ц-лигата на нации, меѓу Романија и Косово не го дочека својот крај откако на почетокот од судиското продолжение, гостинските фудбалери го напуштија теренот.

Причина за нивниот револт беа скандирањата од трибините „Србија, Србија“ што за нив претставувало провокација и расизам. Еден од фудбалерите го искажа својот гнев со тоа што ја шутна топката кон трибините, а потоа заедно со соиграчите и судиите замина во соблекувална.

 

 

Домашните играчи и уште 50 илјади гледачи останаа на стадионот чекајќи го конечниот исход, но по 15 минути стигна информација дека натпреварот нема да се доигра. Нејасно е каква ќе биде одлуката на УЕФА, а исходот од овој натпревар има големо значење и за македонската репрезентација во борбата за пласман во баражот за Светското првенство.

Што се однесува до репрезентациите на Романија и Косово, последната година тие водат вистински војни на теренот. Беа противници во квалификациите за Европското првенство во Германија и мечот во Букурешт одигран лани беше прекинат 50 минути од причини слични како денешните. Пред два месеца во Приштина романските фудбалери беа гаѓани со тврди предмети и димни бомби, на теренот влегоа домашни навивачи кои сакаа да се тепаат со нив и по тој меч се заканија дека ќе им приредат пекол на Косовците во Букурешт.