Седумкратен француски шампион под закана да биде исфрлен од елитата

Поранешниот француски шампион Лион се соочува со сериозни проблеми поради катастрофалната финансиска состојба, па наскоро би можел да биде исфрлен од елитата.

Француските медиуми пишуваат дека Лион би можел да биде исфрлен во Лига 2, а исто така да добие забрана за трансфери.

Доколку екипата не си ги исплати долговите до крајот на сезоната, тогаш ќе се соочи со непосакуваното сценарио, а тоа е преселба во понизок ранг.

Во моментов долгот на бившиот шампион изнесува неверојатни 508 милиони евра, а тоа значи дека клубот ќе мора да продава дел од фудбалерите во следниот период.

Лион во моментов се наоѓа на петтата позиција со 18 освоени бодови по 11 одиграни кола.