Брутална порака од навивачите на Партизан кон Миротиќ: Човек се држи за збор, а волот... (ФОТО)

Навивачите на Партизан уште не му простиле на Никола Миротиќ што им ја уништи ланската сезона откако по долги преговори, ја одби понудата да го облече „црно-белиот“ дрес и се пресели во Олимпија Милано.

Денеска, Црногорецот со шпански пасош првпат му гостува на Партизан, а фановите на белградскиот тим не ја пропуштија можноста соодветно да го „поздрават“. Најбрутален беше еден од навивачите кој му испрати пеколна порака.

„Човекот се држи за збор, а волот за рогови. Одлучи се што си“, пишуваше на неговиот транспарент.

За разлика од Миротиќ, поранешниот играч на Партизан, Зек Ледеј доби овации и дрес за спомен од раководството на клубот.