Влаховиќ го промаши невозможното - и по 20 месеци останува без гол за Србија (ВИДЕО)

Првпат по Европското првенство, Душан Влаховиќ е во редовите на српската репрезентација, на денешниот меч од Лигата на нации против Швајцарија.

Напаѓачот на Јувентус ја имаше најсериозната шанса за својата селекција, на неколку минути пред истекот на првото полувреме, но од неколку метри не успеа да ја затресе швајцарската мрежа, па на голем одмор се замина со 0-0.

Интересно е тоа што Влаховиќ нема гол за Србија од март 2023 година, односно веќе 20 месеци. Оттогаш „орлите“ одиграа десет натпревари, но ја немаа помошта од една од најголемите ѕвезди во тимот.