Артета со засилување од 100 милиони евра ќе ја спасува сезоната

Арсенал имаше големи амбиции во новата сезона, односно сакаше да го нападне врвот во Премиерлигата, меѓутоа по 11 одиграни кола има дури девет бодови помалку од лидерот Ливерпул.

Очигледно нешто му недостига на Арсенал, па тренерот Микел Артета реши да потроши дополнителни 100 милиони евра во јануари за засилување од Вест хем.

„Дејли Мејл“ пишува дека Арсенал во јануари ќе испрати понуда од 100 милиони евра за Мохамед Кудуз кој досега постигна 18 голови за „чеканите“.

Арсенал се наоѓа на четвртата позиција во шампионатот со 19 бодови, додека пред себе ги има Челси, Манчестер сити и Ливерпул.