Зверев го елиминираше Алкараз од турнирот во Торино!

Германецот, Александар Зверев ја запиша третата победа во групната фаза на АТП турнирот во Торино и така го остави шпанскиот тенисер Карлос Алкараз без шанси за пласман во полуфиналето.

Зверев беше подобар од шпанскиот ас со 2-0 во сетови. Првиот сет го доби по тајбрејк со 7-6, додека во вториот беше подобар со 6-4.

Алкараз го завршува турнирот со една победа и два порази, а на крајот од годината ќе остане на третата позиција на АТП листата.

Вечерва се игра и вториот меч од денешната програма во кој од 20:30 часот ќе се сретнат Руд и Рубљов.