Миовски: Заморот не е важен, одиме на победа и против Фарски Острови
Македонија со гол на Серафимов со 1-0 ја совлада Летонија и ја оствари целта, заверка на првото место во групата и пласман во Лига Б од Лигата на нации.
„Летонија се бранеше многу добро особено во првиот дел, играше со пет дефанзивци. Тоа е многу тешко да се пробие. Теренот не ни овозможуваше да го одиграме последниот пас пред да постигнеме гол. Останавме смирени, тоа беше договор на полувремето. Потоа Серафимов го даде деби-голот. На вакви натпревари секогаш треба да имаш и малку среќа, а ние ја имавме“, вели Миовски.
Напаѓачот вели дека нема да биде лесно и против Фарски Острови, но целта е три бода и од овој дуел.
„Имаме три дена да се рекуперираме добро, знаеме дека заморот не важи кога сме тука. Ние сме фаворити и тоа мора да го покажеме на терен. Тешко беше кога игравме на гости во Торшавн, моментално секоја селекција игра фудбал. Треба да излеземе и пак да одиграме одлично, па да ги освоиме трите бода“.