Бундеслигашки судија ќе ни суди против Фарски Острови
Шлагер важи за еден од подобрите германски судии и сезонава делеше правда на четири натпревари во германската Бундеслига, а исто така УЕФА му ја даде довербата и на дуелот помеѓу Челси и Гент во Конференциската лига.
Помошници на Шлагер ќе му бидат Рафаел Фолтин и Свен Вашхитски, додека за четврти судија е избран Тимо Герах. Во ВАР собата главен ќе биде Даниел Зибер, а негов асистент ќе биде Рием Хусеин.
Натпреварот помеѓу Македонија и Фарски Острови се игра в недела од 15:00 часот.