Димитриевски испрати порака за жртвите од поплавите во Валенсија (ФОТО)

Македонскиот голман, Столе Димитриевски по вчерашниот натпревар против Летонија испрати порака за настраданите од поплавите во Валенсија, градот каде што тој игра.

Димитриевски врза четири натпревари без примен гол откако и синоќа против Летонија ја сочува мрежата.

По крајот на натпреварот Димитриевски покажа маица на која пишуваше: „За сите жртви во Валенсија... Напред Валенсија“.

Фотографијата ја објави на социјалните мрежи.