Се пензионираше турскиот репрезентативец кој речиси цела кариера ја помина во Германија
Во Германија Топрак собра 263 настапи во Бундеслигата, а го носеше дресот на: Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд и Вердер Бремен.
Одреден период беше и турски репрезентативец со 27 настапи за сениорската репрезентација на оваа земја.
„По поминати 16 години со насмевка и солзи на очите можам да кажам дека дојде време да ја завршам кариерата“, објави Топрак.
Топрак последните две години од кариерата ги помина во неговата татковина настапувајќи за Анталијаспор.