Обложувалниците велат: Пол ќе го нокаутира Тајсон!
Славниот боксер одлучи на 58 години да се врати во рингот и ќе боксува со 27 годишниот Пол. Според обложувалниците фаворит пред борбата во Тексас е Пол и тоа токму поради неговата возраст.
Обложувалниците за победа на Пол нудат коефициенти од 1.36 до 1.56, додека за победа на Тајсон тој се движи од 2.35 до 2.82.
Исто тако ако им се верува на обложувалниците поголеми се шансите борбата да заврши со нокаут или технички нокаут отколку со судиска одлука.
Ќе потсетиме, борбата ќе има осум рунди од две минути, наместо вообичаените три.