Фалкао испиша историја: Колумбија немала подобар голгетер од „Ел Тигре“
Фалкао беше стрелец во натпреварот од колумбиското првенство помеѓу неговиот Милионариос и Бојс Чичо кој заврши со победа од 5-1 на тимот на славниот голгетер.
На вечната листа Фалкао го помина Виктор Хуго Аристзабала, поранешниот репрезентативец на оваа земја кој настапуваше за Атлетико Национал, Валенсија, Сао Паоло и Крузеиро.
За репрезентацијата Фалкао постигна 36 голови и исто така е најдобар стрелец, додека во клупската кариера за Порто, Атлетико Мадрид, Монако, Манчестер Јунајтед, Ривер Плата, Галатасарај, Рајо Ваљекано и Челси постигна 311 погодоци.
Во периодот во Рајо Ваљекано кој беше негов последен клуб во Европа (2021-2024), Фалкао беше соиграч и со македонскиот голман Столе Димитриевски.