Дешам: Мбапе поминува низ тежок период

Репрезентацијата на Франција вчера го обезбеди пласманот во четвртфиналето од Лигата на Нации одигрувајќи 0:0 со Израел.

Избраниците на Дидие Дешам не воодушевија, но сепак го ообезбедија второто место каде што имаат десет бода, три помалку од Италија, Белгија е зад нив со четири.

На овој собир со националниот тим не беше Килијан Мбапе, а Дешам вели дека напаѓачот на Реал Мадрид поминува низ тежок период.

„Факт е дека е во тешка ситуација, поминува во период кој не е најсреќен во неговата кариера. Сакаше да биде со нас, но мислам дека е подобро за него што не е тука во овој момент. Секој може да се соочи со тешки моменти, постојат физички и психолошки елементи“, изјави Дешам.