Хаос на последното соочување: Тајсон му залепи шлаканица на Пол (ВИДЕО)

Синоќа во Далас се одржа последното соочување на Мајк Тајсон и Џејк Пол пред нивниот меѓусебен дуел што ќе се одржи вечерва.

Откако на Тајсон му беа измерени 105 килограми, му се доближи на Пол за последна фотографија пред мечот, а потоа му залепи шлаканица в лице. Противникот не се потресе многу, туку продолжи да го провоцира својот ривал.

Подоцна беше откриено зошто Тајсон толку се изнервирал за да го удри противникот. Наводно, Пол пред сите викал дека работата станува лична и дека Тајсон мора да умре.