Асвел ја доби драмата со Звезда, петти пораз за „црвено-белите“ во Евролигата
Домашните кошаркари наметнаа подобра игра од самиот старт, но во првата четвртина не успеваа да направат разлика поголема од шест поени. По првиот период српскиот гигант имаше негатива од (24-20)
Во вториот дел продолжи истата слика на теренот, францускиот претставник го зголемуваше водството, па во финишот од првиот дел стигна и двоцифрена предност од 11 разлика (43-32).
Третиот период донесе нешто подобра игра на белградскиот гигант, сепак не довозолна за да го свртата резултатот. Се доближија до „минус три“, но Асвел пред крајот го зголеми водството и дојде до седум гола водство (58-51).
Последниот период ја донесе и најдобрата игра на Звезда во овој натпревар, а тука и за првпат поведоа во натпреварот со 61-62.
Oд тој момент па до крајот гледавме неизвесен натпревар во кој на крајот се радуваа домаќините.