„Хамилтон во болидот на Ферари ќе биде кандидат за титулата“

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер предвиде дека британскиот возач Луис Хамилтон ќе се бори за шампионската титула во 2025 година.

Британецот во февруари ги изненади сите откако потпиша за Ферари, а Хорнер смета дека оваа преселба ќе биде голем предизвик за седумкратниот светски шампион.

„Ова сигурно ќе му биде голема промена, но Ферари е во добра форма и возач како Хамилтон ќе биде кандидат за титулата“, кажа Хорнер.

Шампионатот во Формула 1 ќе продолжи со трката за Големата награда на Лас Вегас, која се одржува од 20 до 22 ноември.