Јуриќ направи потег кој го шокираше Дибала, но и фановите на Рома

Иван Јуриќ нема долго да се задржи на клупата на Рома, му се бројат деновите на хрватскиот стратег до отказот кој треба да го добие, а во меѓувреме прави непопуларни потези.

Пауло Дибала не е во составот за утрешниот натпревар на Рома против Болоња. На прес-конференцијата Јуриќ рече дека Аргентинецот имал мал физички проблем и затоа нема да смета на него.

Но, италијанските медиуми пишуваат дека Пауло Дибала бил шокиран од оваа одлука на Јуриќ, тој бил подготвен за натпреварот, а нема да биде ниту на клупата за резерви.

Пауло Дибала е најдобриот фудбалер на Рома, тој летото одби огромна понуда од Саудиска Арабија за да остане во римскиот клуб и ваквата одлука на теренот не им се допдна ниту на навивачите кои имаат огромна почит за аргентинскиот фудбалер.