Флик со остри казни вовел ред во соблекувалната на Барселона
Шпанскиот фудбалер Гави откри како се однесува Флик кон ѕвездите на Барселона и дека вовел остри казни за тие што нема да ги почитуваат правилата.
Гави откри дека фудбалер кој ќе задоцни на тренинг или друг собир на Каталонците, нема да игра во следниот натпревар за Барселона.
Додека на кормилото бил Чави се плаќале парични казни, но очигледно ѕвездите немале проблем да платат 10.000 или 20.000 евра, но кај Флик таква можност повеќе не постои.