Барселона испука „петарда“ во Белград, Атлетико со пресврт го шокира ПСЖ (ВИДЕО)

Каталонскиот гигант Барселона продолжи со одличните настапи во Лигата на шампиони (ЛШ) и ја запиша третата победа по ред, откако ја надигра Црвена Звезда во Белград со 5-2, додека Интер го доби дербито против Арсенал со 1-0, а ПСЖ и Атлетико Мадрид ремизираа (1-1) на „Паркот на принцовите“.

Иниго Мартинез по еден прекин се најде на вистинско место и погоди за предност од 1-0 во 13. минута, но набрзо Силас од првата шанса на Ц. Звезда израмни на 1-1.

Голот на Силас ги налути гостите од Каталонија кои потоа двапати погодиј преку Роберт Левандовски, а потоа стрелаа и Рафиња и Лопез. Конечните 2-5 ги постави фудбалерот на домашниот тим, Милсон.

ПСЖ по само 14 минути ја проби одбраната на гостите од Мадрид преку Заире-Емери (1-0), но само четири минути подоцна Молина израмни на 1-1. Парижаните доминираа и во вториот дел, но пропуштија дури 15 шанси, а казната стигна во 93. минута кога Кореа погоди за конечни 2-1.

Интер славеше против Арсенал во дербито кое се играше во Милано со 1-0, а стрелец на единствениот гол беше Хакан Чалханолгу од пенал во 48. минута од средбата.

Останати резултати:

Спарта Прага - Брест 1-2
Штутгарт – Аталанта 0-2
Феенорд – Салцбург 1-3
Баерн Минхен - Бенфика 1-0