Звезда досега заработила 27,5 милиони, Динамо над 30 милиони евра од Лигата на шампионите

Новиот формат на Лигата на шампионите донесе и повеќе пари за учесниците, а тоа е особено значајно за клубовите од помалите држави кои не можат скапо да продаваат играчи, ниту да заработат од телевизиски права од националните првенства.

Црвена Звезда и Динамо Загреб тоа најдобро го почувствуваа бидејќинивната заработка досега е огромна. Само за настапот во лигашкиот дел од елитното натпреварување, двата клуба заработија 18,6 милиони евра, а сумата до која досега стигнаа е баснословна.

Со вчерашниот триумф против Штутгарт, Звезда стигна до вкупно 27,5 милиони евра од кои 18,6 доаѓаат од спомнатиот пласман во главната фаза, потоа вкупно 6,8 милиони врз основа на коефициентот на клубот остварен претходните години и 2,1 милион од победата против Штутгарт.

Во случајот со Динамо, таа сума е уште поголема и надмина 30 милиони евра бидејќи загрепскиот клуб досега освои вкупно седум бода, а има и подобар коефициент од Звезда во претходните години во Лигата на шампионите. Во овие суми не влегуваат парите од телевизиските права за натпреварите од Лигата на шампионите, ниту средствата од продадени билети, а до крајот на лигашкиот дел има уште три кола.