Модриќ продолжува да ги поместува границите: Постави нов рекорд во Реал

Хрватскиот ветеран Лука Модриќ вчера го одигра 550. натпревар за Реал Мадрид, но нема да го памети по добро бидејќи неговиот тим беше поразен од Милан со 1-3 во третото коло од Лигата на шампионите.

Сепак, Модриќ со овој настап успеа уште еднаш да испише историја во најтрофејниот клуб во елитното натпреварување.

Во тие 550 натпревари за Реал Мадрид, Модриќ на дури 99 во Лигата на шампионите бил стартер. Ако се погледне низ историјата не постои ниту еден фудбалер од средината на теренот кој собрал повеќе настапи од Модриќ од првата минута.

До вчерашниот натпревар Модриќ го делеше првото место со Тони Крос кој по Европското првенство летово ја заврши кариерата.