Реал Мадрид по поразот од Милан доби и уште една лоша вест
Чуамени се повреди во вчерашниот натпревар против Милан од 1:3, а шпанскиот гигант ја потврди повредата, но не откри колку ќе паузира Чуамени.
„По денешните направени прегледи утврдено дека Чуамени се здобил со истегнување на левиот зглоб. Неговото опоравување ќе биде следено од медицинска служба“; објави Реал.
Во натпреварот против Милан на местото на Чуамени на полувремето во игра влезе неговиот сонародник, Едуард Камвинга.
Пред две години „кралевите“ за Чумаени платија сума од 80 милиони евра, а од тој момент фудбалерот од средниот ред одигра 103 натпревари и освои седум трофеи. Неговиот договор е со важност до 2028 година.