Навивачите на Спортинг со огромно знаме му се заблагодарија на Аморим (ВИДЕО)

Рубен Аморим за последен пат во Лисабон го води тимот на Спортинг, па навивачите му се заблагодарија за се што направи за нив во изминатите години.

Тие на трибините извадија огромно знаме на кое пишуваше „Благодариме“, ги имаше и сите трофеи освоени со Аморим.

Под водство на Аморим, Спортинг двапати беше шампион на Португалија, двапати го освои Купот и еднаш Суперкупот.

Пред да замине во Манчестер јунајтед, Аморим уште еднаш ќе го води Спортинг, но тоа ќе биде на гостински терен кај Брага.

Интересно, тој во Спортинг дојде да биде тренер токму од Брага.