Инцидент пред натпреварот во ЛШ: Дрогиран Хрват ќе прегазел полицајци!

Словачката полиција и организаторите на натпреварот помеѓу Слован Братислава и Динамо Загреб го каракатеризираа како натпревар со висок ризик, а случувањата пред дуелот покажаа зошто е така.

И покрај засилените полициски мерки инцидентите не изостанаа. Полицијата потврди дека запрела 20-годишен хрватски навивач тргнал во бегство кога службените лица се обиделе да го запрат.

Хрватот управувал возило марка Рено, а полицијата се обидела да го запре на прописен начин, кога тргнал во бегство. Според информациите го насочил возилото кон полицајците и така им ги загрозил животот. 

Набрзо бил запрен од друга патрола и кај него била пронајдена дрога, но исто така и тестот за дрога му бил позитивен.

Натпреварот помеѓу Слован и Динамо започнува во 18:45 часот.