И ова го има во Србија: Голман давел судија! (ВИДЕО)
Незадоволен од судењето, Александар Јовановиќ го фатил и го стегал за вратот помошниот судија Владимир Никодијевиќ кој влијаел на поништување гол на неговиот тим затоа што сигнализирал офсајд. Откако добил црвен картон, Јовановиќ продолжил да го напаѓа судијата и да го навредува додека излегувал од теренот, па главниот арбитар одлучил да го прекине мечот.
Капак на се било однесувањето на службениот претставник на Тимок, Бранимир Ѓорѓевиќ кој направил хаос по прекинот. Ги навредувал судиите, користел пцовки, а ги спомнувал и раководителите на натпреварувањето.
Јовановиќ и Ѓорѓевиќ итно се суспендирани на неодредено време, а деновиве се очекуваат конечните одлуки за нив двајца.
*Инцидентот почнува на 1:19:00