Првиот напаѓач на Аталанта добил понуда од Премиер лигата?
Лукман игра одлично во дресот на италијанскиот тим и постигна 17 гола на 45 натпревари, а додаде и уште десет асистенции.
Во изминатото лето изгледаше дека е блиску до трансфер во Пари Сен жермен, но на крајот тој трансфер не се резлизираше. Според последните информации сега голем интерес за него има од премиерлигашот Вест Хем.
На Лопетеги во Вест Хем потребен му е крилен напаѓач, а исто така Лукман во минатото и играше во Англија каде што беше дел од Евертон, Фулам и Лестер.