Видал осомничен за сексуално злоставување на 22-годишна девојка!

Чилеанската фудбалска ѕвезда Артуро Видал и неговите соиграчи од Коло Коло се осомничени за сексуален напад на девојка за време на забава.

Во краткото соопштение за јавноста се открива дека Видал е осомничен за сексуално злоставување, додека засега не се откриваат имињата на неговите соиграчи.

„Радио АДН“ објави дека 22-годишна тврди дека била дрогирана, а потоа и злоупотребена од страна на фудбалерите на Коло Коло.

Засега не се откриваат повеќе детали во јавност, но почната е истрага против Видал и неговите колеги.