„Ако го победам Манчестер сити, ќе мислат дека доаѓа новиот Фергусон!“

Португалскиот стратег Рубен Аморим пред неколку дена потпиша договор со Манчестер јунајтед, кој ќе го преземе во следниот период, а дотогаш ќе го предводи Спортинг Лисабон.

Аморим ќе го предводи Спортинг во дуелот против Манчестер сити во Лигата на шампиони (ЛШ), а пред средбата имаше интересен коментар.

„Ако го победам Манчестер сити, ќе мислат дека доаѓа новиот Сер Алекс Фергусон. Доколку резултатот биде негативен, тогаш ќе паднат очекувањата од мене“, кажа Аморим.

Дуелот меѓу Спортинг и Манчестер сити е закажан за 5 ноември.