Вардар објави дека Захариевски не е веќе тренер!
Тој беше третиот тренер на црвено-црните оваа сезона, по Горазд Михаилов и Горан Петрески, а од управата нагласуваат дека за личности како него вратите на клубот секогаш ќе бидат отворени.
Ситуацијата во Вардар во моментов е повеќе од алармантна, со оглед што клубот е последен на табелата со осум бодови и шест порази во последните седум средби. Ова е најлош старт на една сезона за најпознатиот спортски бренд кај нас во историјата на македонските фудбалски првенства.