Ѓоковиќ падна на петтото место, ама наскоро може да биде - деветти!
Поради неиграњето на Мастерсот во Париз, тој загуби 1.000 бода и сега е на петтата позиција бидејќи Данил Медведев го искористи тоа за да се искачи на четвртото место. Во топ-5 има уште една промена, Александер Зверев со освојувањето на титулата скокна една позиција и го помина Карлос Алкараз на второто место. Засега убедливо прв е Јаник Синер со 3.600 бода повеќе од германскиот тенисер и тој денеска ја почна 21. недела како лидер на АТП листата.
За Новак Ѓоковиќ допрва следува падот на АТП листата, особено ако не игра на завршниот Мастерс во Торино. На листата во живо, денеска му се одземени 1.300 бода од ланскиот настап и тој сигурно ќе доживее пад од барем едно место идната недела, но постои реална опасност да падне дури на деветтото место. На Каспер Руд му се потребни само 55 бода на турнирот во мец за да го стигне, Де Минор има 165 бода помалку, а Рубљев заостанува 190 бода и нему ќе му биде потребна титула во Мец за да го помине Ѓоковиќ.