Невидена гужва на табелата во Првата лига - четири екипи на еден бод разлика
Таму, ситуацијата е крајно драматична и невидена досега кога станува збор за оваа етапа од првенството. Дури четири екипи се наоѓаат на само еден бод разлика, а ако се земе предвид и петтопласираната Струга, речиси половина лига е на растојаните на три бода.
Осамен на првото место е Работнички со 25 бода по што следуваат Шкендија, Силекс и Гостивар со по 24. Струга е петта со 22. Тука веројатно завршува кругот на кандидати за титулата бидејќи далеку назад е Шкупи со 16 бода.
Досегашниот дел од оваа сезона ја одбележуваат малиот број голови, а големиот број нерешени резултати. На пример, лидерот Работнички во моментов е во серија од три реми натпревари, Шкендија играше нерешено на четири од последните пет меча, а Пелистер е во серија од четири „нули“ пред денешниот меч со Вардар. Работнички и Пелистер имаа по седум нерешени натпревари сезонава, Шкендија, Гостивар и Тиквеш по шест, Воска пет итн.