Нов убедлив пораз за Работнички - веќе нема шанси за втор круг во АБА2!
Четврти натпревар и четврти пораз за Работнички во АБА2 лигата, тоа значи дека на две кола пред крајот ги загубија и теоретските шанси за место во вториот круг.
Работнички вечерва изгледаше тотално немоќно против Босна која можеше да слави и поубедлива победа од 26 разлика, но ја намали гаста во вториот дел откако по првите две четвртини стана јасно дека победата им е обезбедена.
Посебно тешка за Работнички беше втората четвртина на која постигнаа само пет поени, а примија 21. Конечниот резултат беше 84-58 за Босна.
Најефикасен во составот на Работнички беше босанскиот кошаркар Полутак кој постигна 19 поени, за Босна најдобар беше Ковачевиќ со 16 поени.