Жозе Мурињо е тренер на месецот во Ла Лига!

Реал Мадрид во последниот период влезе во победничка серија, а тоа му го донесе на Жозе Мурињо признанието за тренер на месецот во Ла Лига.

„Кралевите“ во изминатиот месец победија на трите одиграни првенствени натпревари со Виљареал (1-0), Севиља (4-1) и Барселона (2-1).

Покрај побдите во Ла Лига, Реал имаше успешни настапи и во Лигата на шампионите, а тимот во овој момент е во серија од осум победи.

На табелата во Ла Лига, Барселона и понатаму е лидер со 33 бода, три повеќе од Реал кој е на 30.