Одбојкарките на Работнички со убедлив пораз се враќаат од Романија

Романскиот Алба Блај покажа дека е на друго ниво во однос на нашиот Работнички, Романките славеа со убедливи 3-0 (25-17, 25-8, 25-8) во првиот 1/16 финален натпревар од ЦЕВ Купот.

Одбојкарките на Работнички во првиот дел покажаа дел од својот квалитет, му се спротивставија на посилниот тим со 17 поени, но во вторите два сета тотално потфрлија. Во вториот освоија само осум поени, во третиот исто толку.

Реванш натпреварот се игра за седум дена во Скопје.