Ембид оди на „ладење“, доби суспензија од НБА!
Ембид го нападна новинарот затоа што тој во колумна ги спомнал неговиот син и покојниот брат. Кошаркарот во саботата го фатил за врат Хејс и го удрил по што му се заканил дека ќе помине полошо доколку уште еднаш во текст го спомене неговото семејство.
За овој испад Ембид доби суспензија од три натпревари и ќе ги пропушти дуелите против Клиперс, Лејкерс и Шарлот.
На Ембид му се замерува дека пропушта многу натпревари во текот на сезоната поради наводни повреди. Тој изјавуваше и дека ќе игра кога сака.