Чаир 2030 по голема драма првпат во историјата го преслуша МЗТ Скопје!
Триумфот на чаирчани е апсолутно заслужен, со оглед што беа подобар противник во најголемиот дел од средбата. Домаќинот имаше највисоки плус осум во првиот период (18-10), константно ја одржуваше позитивата, додека фаворизираниот гостин дури во финишот со серија 11-4 дојде до пресврт и водство 80-77. МЗТ не го искористи тоа и во пенал-завршница од регуларниот дел дојде само до изедначување и тоа среќно со оглед што Валмир Какруки ма две секунди до крајот промаши слободно за триумф. Чаир 2030 подобро се снајде и во екстра-периодот, додека одбраната на „Металците“ беше како швајцарско сирење во последниот напад на противникот. Диванте Мофит лесно го мина Дион Едвид и го постигна победничкиот кош, додека составот од Аеродром не ги искористи последните девет секунди да упати некој почист удар за победа.
Мофит со 31 поен беше најпрецизен кај побендичкиот тим, каде што Ајзеја Кели реализира 21 поен, а Дејвид Ролинс 19 поени. Бојан Крстевски со 21 поен беше најефикасен кај сино-белите, додека Брендон Слај застана на 18 поени од кои 14 во првите пет минути од средбата.
Ова беше прв меч од петтото прволигашко коло, а останатите средби се играат утре и задутре. Чаир 2030 сега има скор 4-1, а МЗТ зачудувачки 2-2.