Алкалоид лесно и против Куманово
Од самиот почеток домаќинот го наметна своето темпо на игра и предноста многу брзо растеше со што стануваше јасно дека гостите нема да имаат никакви шанси за некакво изненадување.
Во завршницата од првото полувреме Алкалоид за првпат стигна и до двоцифрена предност од десет голови разлика (18-8). На паузата избраниците на Кире Лазаров веќе имаа и водство од 23-11.
Ништо не се промени ниту во второто полувреме и Алкалоид продолжи да ја одржува предноста за на крајот да слави и со 15 голови разлика. Најефикасен на натпреварот беше Петковски со девет постигнати гола, Оливеира додаде осум, а исто толку за Куманово постигна Симовски.
По десет одиграни натпревари Алкалоид е единствениот тим во македонското првенство со максимален учинок.