УЕФА не простува: Србија казнета со 52.000 евра
УЕФА наведува дека ФСС е казнет поради свирежите кон швајцарската химна и провокативните пораки за кои како што се истакнува не доликуваат на еден спортски настан.
Исто така ФСС е казнет и со условна казна на две години и доколку во тој период се повтори прекршокот УЕФА ќе затвори дел од стадионот за домашните натпревари на репрезентацијата.
Србија на табелата во групата „4“ од „А“ Лигата на Нации со четири освоени бодови се наоѓа на третото место. Во петтото коло ги чека натпревар против Швајцарија, но сега во Цирих, три дена претходно ќе ја дочекаат Данска во Лесковац.