Четврти триумф по ред за Фиорентина, Госенс ја „закова“ Џенова на дното

Фиорентина се наоѓа во одлична форма во Серија А и тоа го потврди со вечерашниот триумф од 1-0 против Џенова во 10. коло од калчолигата.

На екипата од Фиренца ѝ беше потребен само еден гол за да ги обезбеди бодовите против Џенова, откако Робин Госенс во 72. минута го матира голманот на Џенова.

По 10 одиграни кола, Фиорентина се наоѓа на четвртата позиција во Серија А со 19 освоени бодови, додека Џенова е последна со само шест поени.