Зад новиот газда на Вардар стои поранешниот претседател на Галатасарај!
Тоа што можеше веднаш да се види на интернет е дека новиот сопственик на Вардар е Атила Бијен Јалили, бизнисмен кој е генерален директор на унгарската компанија за производство на електрична енергија „Сол Сервисес“.
„Сол Севисес“ е компанија која е во сопственост на турскиот гигант „Полат холдинг“, РСЕ оттука смета дека вистинскиот сопственик на Вардар е 71-годишниот турски милијардер, Аднан Полат кој е поранешен претседател на Галатасарај.
„Полат холдинг“ во Македонија е присутен и преку други бизниси, некои од нив поврзани и со производство на медицински канабис.
Целата статија на Радио Слободна Европа може да ја прочитате на овој ЛИНК.