По петте порази по ред, Загреб остана без тренер, а си замина и Чупиќ

„Вечниот“ хрватски ракометен шампион Загреб синоќа доживеа пораз од Магдебург со 24-36, а веднаш по мечот оставка поднесе тренерот Андрија Николиќ.

Заедно со него си замина и поранешниот ракометар на Вардар, Иван Чупиќ кој од почетокот на сезоната беше инволвиран во стручниот штаб. Засега не е познато кој ќе го наследи Николиќ, но клубот има доволно време за да најде соодветна замена имајќи предвид дека претстои репрезентативна пауза, а Лигата на шампионите продолжува на 20 ноември.

Поразот од Магдебург беше петти по ред во елитното натпреварување за хрватскиот тим кој сега се наоѓа на последното место во својата група со само два бода.