Манчестер јунајтед презадоволен од Ван Нистелрој - нема да брза со Аморим!
Манчестер јунајтед преговара со Аморим, а Ван Нистерлој остана да помогне на тимот до конечен договор за пристигнување на португалскиот стратег.
„Дојдов тука затоа што знам дека Манчестер јунајтед повторно може да биде голем клуб, сакав да помогнам и ќе продолжам да го правам тоа“, изјави Ван Нистерлој.
Според денешните информации на островските медиуми управата на Манчестер јунајтед e презадоволна од тоа како изгледал тимот под водство на Ван Нистерлој и нема да брза со инсистирањето да ги забрза преговорите. Во клубот се согласни Амроим да дојде на почетокот на ноемврската пауза.
Ако таквите најави се остварат Ван Нистерлој ќе го води тимот во премиерлигашките дуели со Челси и ПАОК во Лигата на Европа.